Одмораше две сезони за да ја дочека понудата од соништата

Максимилијано Алегри по сите изгледи ќе биде наследникот на Зинедин Зидан во Реал Мадрид. Управата му понудила двегодишен договор на италијанскиот стратег, со можност истиот да се продолжи на уште една година.

Ова значи дека Кралевите дефинитивно ја завршуваат соработката со Зидан по последното коло во Ла Лига во кое Реал ќе чека кикс на Атлетико и да оствари триумф против Вилјареал за да ја одбрани титулата.

Алегри од сезоната 2018/19 е без работа откако доби отказ во Јувентус, одбиваше неколку понуди од Премиер лигата и евентуално враќање во Серија А, со цел да го дочека повикот од соништата.

Останува на екстренерот на Јуве и Милан да одговори на понудата од Кралевите, а во случај да не го прифати предизвикот, планот Б на Флорентино Перес е да му даде шанса на клупската легенда Раул Гонзалес, кој е тренер на младинскиот тим на Реал.

- Оглас -

Најнови вести