Струга Трим Лум – Силекс и Шкендија – Македонија Ѓорче Петров се полуфиналните двојки од фудбалскиот Куп на Македонија. Се игра само еден меч, а дуелите се закажани за 5 април.
Од четирите полуфиналисти, само Струга нема освоено трофеј во Купот (другите три клуба имаат барем по две куп-титули), па лидерот на прволигашката табела има шанса да испише историја.