Официјални состави на ЛШ: Настинката не е пречка за Фирмино

Ливерпул сепак со комплетното напаѓачко трио го пречекува Баерн Минхен во првата осминафинална пресметка. Фирмино брзо ја надмина настинката и му се стави на располагање на Јирген Клоп, па заедно со Мане и Салах ќе се закануваат кон голот на Нојер. Германскиот стратег се одлучи за Фабињо да му биде партнер на Матип, бидејќи Ван Дајк е суспендиран, а Ловрен и Гомес се повредени.

Познато е дека тренерот на гостите Нико Ковач нема да смета на Томас Милер, кој поради црвен картон нема да игра во двата дуели, додека во овој дуел поддршка за Левандовски во нападот ќе му бидат крилните офанзивци Гнабри и Коман.

Ливерпул (4-3-3): Алисон, Александер – Арнолд, Матип, Фабињо, Робертсон, Милнер, Вајналдум, Кеита, Мане, Салах, Фирмино.

Баерн (4-3-3): Нојер, Кимих, Хумелс, Суле, Алаба, Мартинез, Тијаго, Хамес Родригес, Гнабри, Коман, Левандовски.

Барселона уште во првиот дуел против Лион сака да ја заврши работата, па затоа со Меси, Суарес и Дембеле ќе атакува кон голот на Лопес. Кутињо ќе чека прилика за настап од клупата.

Голем хендикеп за Лион е што во составот недостасува нивниот стандарден капитен Набил Фекир, тој отслужува еден меч суспензија поради жолти картони.

Лион (4-2-3-1): Лопес, Будуа, Марсело, Денајер, Менди, Ндомбеле, Оуар, Депај, Терие, Траоре, Дембеле.

Барселона (4-3-3): Тер Штеген, Семедо, Пике, Ленгле, Алба, Ракитиќ, Бускетс, Роберто, Дембеле, Меси, Суарес.

 

- Оглас -

Најнови вести