Англиските екипи Манчестер сити и Ливерпул се фаворити на денешните дуели против Атлетико Мадрид, односно Бенфика, во првите дуели од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Манчестер сити дома игра против Атлетико Мадрид, тим кој во претходната фаза го елиминира Манчестер јунајтед. Стерлинг, Де Бројне и Марез треба да бидат ударното трио во нападот на Граѓаните, но јасно е дека Атлетико знае да направи гранитна и непробојна одбрана, па не случајно гостите се во формација со петмина во дефанзивната линија.

Ливерпул игра на гости кај Бенфика, но тимот на Јирген Клоп има состав со кој може да дојде до победа. Англичаните ќе бидат во формација 4-3-3 со Салах, Мане и Дијаз во нападот.


