Официјални состави: Ван Дајк назад во составот на Ливерпул, Кутињо доби шанса пред Дембеле

Ернесто Валверде направи две измени во однос на првиот меч кој се одигра во Лион. Серхи Роберто ќе започне од десната бековска позиција наместо Семедо, додека Кутињо ќе игра на местото од Дембеле во напаѓачката тројка со Меси и Суарес. Во старните 11 на „лавовите“ се врати капитенот Набил Фекир.

Барселона е голем фаворит на „Камп ноу“ во пресрет на реваншот со Лион, првата пресметка во Франција заврши без голови.

Барселона (4-3-3): Тер Штеген, Роберто, Пике, Ленгле, Алба, Бускетс, Артур, Ракитиќ, Кутињо, Меси, Суарес.

Лион (4-3-1-2): Лопес, Дубуа, Денајер, Марсело, Менди, Маркал, Ндомбеле, Тусар, Фекир, Депај, Дембеле.

Бидејќи Кимих е суспендиран поради жолти картони, Нико Ковач се потпре на искусниот Рафиња на десната бековска позиција, додека Рибери ќе стартува од првата минута на местото од Коман. Измени во тимот на Јирген Клоп има во дефанзивната линија. Вирџил ван Дајк ја отслужи казната и ќе може да игра во Минхен, додека Милнер и Хендерсон заедно со Вијналдум ќе диригираат со средината.

Отворени се сите карти, првата средба на „Енфилд“ заврши без голови, а Ливерпул ќе има шанса да биде четвртиот англиски учесник во четвртфиналето по Јунајтед, Сити и Тотенхем, доколку издвои резултат во негова корист.

Баерн Минхен (4-2-3-1): Нојер, Рафиња, Хумелс, Суле, Алаба, Мартинес, Тијаго, Хамес, Гнабри, Рибери, Левандовски.

Ливерпул (4-3-3): Алисон, Александер-Арнолд, Матип, Ван Дајк, Робертсон, Милнер, Хендерсон, Вијналдум, Мане, Салах, Фирмино.

- Оглас -

Најнови вести