Официјално: Александар Јовиќ е нов тренер на Тинекс Пролет

Александар Јовиќ е нов шеф на стручниот штаб на ракометниот клуб Тинекс Пролет откако денеска и официјално беше потпишан договорот за соработка.

Јовиќ беше македонски репрезентативец, а минатата сезона како тренер стана шампион на Македонија со Еурофарм Пелистер. Од Пролет велат дека Јовиќ е познат по работата со младите ракометари во Металург и Еурофарм Пелистер 2.

„Презадоволни сме што можеме да ја официјализираме соработката со Александар Јовиќ, идеален тренер за Тинекс Пролет. Говориме за стратег кој до пред еден месец беше дел од Лигата на шампионите, а од денеска ќе почне со работа во нашиот клуб. Тој работи исклучително добро и со младите ракометари помагајќи им да напредуваат во кариерата, што исто така е многу значајно за нашиот клуб. Не се сомневаме дека донесовме вистински избор со ангажманот на овој врвен стручњак со кого Тинекс Пролет уште повеќе ќе напредува“, изјави директорoт на Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски.

- Оглас -

Најнови вести