Sвездената Франција со пресврт поразена на домашен терен (Видео)

Од Франција се очекува висок пласман на Светското првенство, можеби и борба за трофејот, но „триколорите“ имаа лошо загревање на Мундијалот.

Избраниците на Дидие Дешан вечерва загубија пред своите гледачи со 1-2 од селекцијата на Брегот на Слоновата коска и тоа со пресврт.

Рајан Шерки во 45-тата минута донесе очекувано водство за Франција и тоа беше резултатот по првиот дел.

Сепак, во вториот дел следуваше комплете пресврт. Дуе во 53-тата минута погоди за 1-1, а Диало во 84-тата минута погоди и за победа на Брегот на Слоновата коска.

- Оглас -

Најнови вести