Официјално: Бернардо Силва го продолжи договорот со Сити, а од клубот си оди Лапорт!

Манчестер сити официјално објави дека го продолжиле договорот со Бернардо Силва за уште три сезони, а простување од клубот објави дефанзивецот Ајмерик Лапорт, кој се сели во Ал-Наср.

Бернардо, кој во Сити дојде во 2017 од Монако и има 308 настапи, потпиша договор до јуни 2026. За него имаше интерес од Барселона, но тој сепак на крајот одлучи да остане во редовите на европскиот првак.

Шпанецот Лапорт пет и пол години беше играч на Сити, а во следните три ќе игра за саудискиот Ал-Наср, каде што соиграчи сезонава ќе му бидат Кристијано Роналдо и Садио Мане.

- Оглас -

Најнови вести