Официјално: Џердан Шаќири стана најскапото засилување во историјата на Чикаго фајр!

Џердан Шаќири и официјално го напушти Лион и направи трансфер во американскиот тим Чикаго фајр. Швајцарецот стана најскапото засилување во историјата на тимот од Чикаго, за него се платени 7 милиони евра.

Шаќири, кој има 30 години, лани од Ливерпул се пресели во Лион, на 11 меча за францускиот тим имаше два гола и три асистенции.

Во новиот клуб, фудбалерот роден на Косово ќе носи дрес со бројот 10.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести