Официјално: Доменико Тедеско е нов тренер на РБ Лајпциг!

Италијанецот Доменико Тедеско и официјално е назначен за нов главен тренер на бундеслигашот Ред Бул Лајпциг. Тедеско кој има 36 години, е екс тренер на Шалке 04 и Спартак Москва, а со Лајпциг потпиѓа договор до јуни 2023 година.

Досегашниот тренер Џеси Марш, беше сменет во неделата после лошиот старт на сезоната, тимот е само 11-ти на табелата со 16 бода помалку од лидерот Баерн Минхен. Во минатата сезона, Лајпциг заврши на второ место под раководство на Јулијан Нагелсман, кој замина во Баерн.

Дебито на Тедеско ќе биде в сабота од 15.30 часот, против Борусија Менхенгладбах. Тедеско е роден во Италија, но кога наполни две години се пресели во Германија, најголем дел од играчката кариера ја мина во Германија, па освен италијанско, има и германско државјанство.

- Оглас -

Најнови вести