Официјално: Египетскиот дедо влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар фудбалер

Египќанецот Езелдин Бахадер влезе во книгата на Гинисови рекорди откако го одигра својот втор целосен натпревар во египетската трета лига и го исполни условот да биде прогласен за највозрасен професионален фудбалер на светот. Езелдин на 3 ноември ќе наполни 75 години и сега може да се пофали дека нема постар фудбалер на светот од него.

Бахадер во дресот на тимот 6 Октомври утна пенал и неговиот тим загуби од Ел Ајат со 2-3. Но, во март на дебито, кога исто така одигра цел меч, дедо Ез како што го викаат, даде гол од пенал. Потоа корона-вирусот го прекина првенството, а сега откако продолжи, тој го исполни условот за Гинис.

Бахадер има шест внуци кои стоеја покрај теренот и го бодреа дедо им. Стариот рекорд го држеше 73-годишниот Израелец Исак Хајик, а Бахадер сака и по 75-тиот роденден да одигра уште три меча, па уште повеќе да го подобри рекордот.

 

- Оглас -

Најнови вести