Официјално: Елмас го продолжи договорот со Наполи до 2025 година

Наполи објави дека ги продолжил договорите со Елиф Елмас, Џовани ди Лоренцо и Марио Руи до 2025 година. Со ова се става крај на шпекулациите дека е можно македонскиот интернационалец да си замине само по една сезона во редовите на Наполитанците, каде што дојде од Фенербахче.

Елмас во Наполи дојде како талентиран, но и недокажан играч во топ-лигите, а со своите игри во дресот на Наполи ги освои срцата на фановите, па раководството немаше друг избор освен да го врзе и да не го пушти да си оди без отштета во следните пет сезони.

- Оглас -

Најнови вести