Официјално: Елмас потпиша за Ред Бул Лајпциг

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и официјално е нов фудбалер на Ред Бул Лајпциг откако денеска стави параф на договорот со бундеслигашот.

Новинарот кој е експерт за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо, објави дека Елмас успешно ги поминал лекарските прегледи по што потпиша договор со германскиот тим.

Бундеслигашот за трансферот на Елмас му плати на Наполи 25 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести