Екипата на Монца се враќа во италијанската Серија А и заедно во Венеција и Фрозиноне ќе биде новото трио прволигаши.
Во вечерашниот реванш од финалето во разигрувањето за влез во Серија А, Монца дома загуби од Катанцаро со 0-2, а првиот меч го доби Монца со 2-0.
Но, во вакви случаи во Италија нема продолженија и пенали, туку победник е тимот кој бил подобро пласиран во лигашкиот дел. После 38 кола во Серија Б, Монца беше трета, а Катанцаро петти и затоа Монца е таа која оди, во случајов експресно после една година се враќа, во елитната италијанска фудбалска лига.
На Катанцаро му требаше победа од три гола разлика за да оди во Серија А, но за малку не успеа. Катанцаро 43 години не бил дел од Серија А, еден гол ги делеше од голем подвиг.

