Официјално: Игало останува во Јунајтед до јануари 2021 година

Манчестер јунајтед ја продолжи позајмицата на Одион Игало на дополнителни осум месеци. Членот на Шангај Шенхуа ќе остане на „Олд Трафорд“ до крајот на јануари 2021 година и ќе направи една година престој во редовите на 20-кратниот англиски првак.

Претходно соработката на Игало му важеше до 31 мај, односно до вчера и се очекуваше фудбалерот да се врати во Кина. Сепак, Јунајтед за брзо време ја среди документацијата и успешно ги заврши преговорите со Шангај, па Нигериецот си доби нова шанса да ги брани боите за клубот кој навива од мали нозе.

Откако пристигна во Манчестер, Игало запиша осум настапи во сите натпреварувања во кои забележа четири гола и една асистенција, меѓутоа ниту еден погодок не му е во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести