Официјално: Илија Несторовски е нов член на Удинезе!

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски е нов член на Удинезе. Клубот потврди дека постигнале договор со нашиот напаѓач.

Прилепчанецот Несторовски има 29 години, бил член на Победа, Словачко, Викторија Жижков, Металург, Интер Запрешиќ и Палермо, а со Удинезе потпиша договор на три години, со можност за продолжување и за четврта. Ова е негово враќање во Серија А, во која играше и во дресот на Палермо. Во Италија на 99 меча има 38 гола.

Во Удинезе, Нестор ќе носи дрес со бројот 30, а уште вечерва би требало да им се приклучи на своите колеги, кои се на подготовки во Австрија.

- Оглас -

Најнови вести