Официјално: Јетон Беќири веќе не е тренер на Шкендија!

Фудбалскиот клуб Шкендија објави дека тренерот Јетон Беќири нема да продолжи да го води тимот во следната сезона, откако му истече договорот со крајот на натпреварувачката сезона 2025/2026.

По заедничка евалуација на периодот на соработка, клубот и тренерот одлучија да се разделат во овој момент, затворајќи важно поглавје во поновата историја на Шкендија.

Јетон Беќири го презеде тимот во јануари 2024 година и за време на неговиот престој освои шампионска титула во сезоната 2024/2025. Под негово водство, Шкендија го забележа и најуспешниот настап во историјата на клубот во европските натпреварувања, обезбедувајќи учество во лигашката фаза од Конференциската лига на УЕФА и пласман во плејоф фазата од тоа натпреварувањето.

„Сите ние во Шкендија му се заблагодаруваме на Јетон Беќири за неговиот придонес додека го водеше тимот и му посакуваме здравје и успех во продолжението на неговата професионална кариера. Ти благодариме, Јетон!“, порачаа од клубот. 

- Оглас -

Најнови вести