Официјално: Кјелини во Јуве до 2023 година

Џорџо Кјелини и официјално потпиша нов двегодишен договор со Јувентус. Искусниот дефанзивец останува капитен на Старата дама до летото 2023 година и го потврди ветувањето дека му останува верен на својот клуб чиј дрес го носи од 2005 година, кога дојде од Фиорентина.

Кјелини за Јуве има одиграно 535 меча. Кога ќе му истече договорот во јуни 2023, Кјелини ќе има речиси 39 години. Се шпекулира дека годишната плата ќе му биде 2,5 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести