Она што се очекуваше со денови, конечно се оствари. Роналд Куман ја презеде клупата на Барселона. Сега веќе поранешниот селектор на Холандија се согласи на двегодишен договор, така што на „Камп ноу“ ќе се задржи најмалку до јуни 2022 година. Од клубот потврдија дека промоцијата на Куман ќе се одржи денес во 18 часот.
https://twitter.com/FCBarcelona/status/1296016814602952705
Напоредно, еден ден по отказот на Ерик Абидал, Барса ја обелодени неговата замена. Нов спортски директор на Каталонците е Рамон Планес, кој со оваа работа се занимава од 1999 година.
Планес е поранешен спортски директор на Хетафе, Рајо Валјекано и Еспањол, а од 2018 година година му беше асистент на Абидал. Очигледно добро ја извршувал улогата асистент штом ја добива довербата од Бартомеу да биде одлучуваки фактор во клубот.