Официјално: Леклер во Ферари до 2024 година

Ферари, тимот на Формула 1, му го продолжи договорот на Шарл Леклер до 2024 година. Според договорот, 22-годишниот пилот ќе заработува околу 9 милиони евра по сезона, што е за трипати повеќе од заработката која ја имаше во 2019 година.

Леклер дебитираше во трките од Формула 1 во 2018 година во екипата на Заубер, а годинава во болидот на Ферари заврши на четврто место во генералниот пласман и собра повеќе поени од клупскиот колега Себастијан Фетел.

Леклер овој божиќен подарок го заслужи со двете победи, седумте пол-позиции и десетте пласмани на подиум.
- Оглас -

Најнови вести