Официјално: Луис Суарес е нов член на Атлетико Мадрид

Луис „Пистолеро“ Суарес од пред неколку часа и официјално е нов член на Атлетико Мадрид. Уругвајскиот напаѓач го комплетираше трансферот од Барселона во Атлетико и ќе биде големо засиливање за Јорганџиите. Договорот уште не е потпишан бидејќи прво треба Суарес да ги мине лекарските тестови.

Ова е своевидна одмазда на Атлетико кон Барса за ланскиот трансфер на Антоан Гриезман, со тоа што Атлетико евтино го доби Суарес, додека Барселона за Французинот плати отштета од 120 милиони евра.

Од Барселона имаа емотивно збогување со својот трет стрелец во историјата, во следната сезона Луис на „Камп ноу“ ќе игра како гостински фудбалер, а од клубот најавуваат дека ќе ангажираат нов напаѓач. Кандидати се Мемфис Депај, кој е барање на тренерот Роналд Куман, или Лаутаро Мартинес, за кого се залага Лионел Меси.

- Оглас -

Најнови вести