Официјално: Манчестер јунајтед и Варан се разделуваат на крајот од оваа сезона

Манчестер јунајтед и официјално потврди дека договорот со Рафаел Варан нема да биде продолжен и тој на крајот од сезонава е слободен да си замине. Францускиот одбранбен фудбалер на „Олд Трафорд“ мина три сезони, а од репрезентацијата на Tриколорите се збогуваше по загубеното финале од Аргентина на Светското првенство во Катар.

„Варан донесе огромна количина искуство и квалитет во екипата во досегашните 93 натпревари кои ги одигра“, се вели, меѓу другото, во соопштението на Манчестер јунајтед.

Францускиот дефанзивец во 2021 година се пресели од Реал Мадрид во Манчестер јунајтед за 40 милиони евра. Во моментов нема информации за неговата иднина и кој ќе биде неговиот следен клуб.

- Оглас -

Најнови вести