Официјално: Марсело Биелса веќе не е тренер на Лидс!

Вчерашните најави денеска добија потврда, аргентинскиот „Лудак“, 66-годишниот Марсело Биелса, веќе не е тренер на англискиот премиерлигаш Лидс.

После серијата лоши резултати на клубот од областа Јоркшир, Лидс реши да му даде отказ на Аргентинецот, но и јавно му се заблагодари за направеното во текот на мандатот кој му почна во 2018 година. Со Биелса како тренер, Лидс стана тим со победнички менталитет, но дојде време за промена.

Фаворит за нов тренер на Лидс е Американецот Џеси Марш, а офијализацијата на договорот се најавува за утре.

- Оглас -

Најнови вести