Официјално: Мик Шумахер ќе дебитира во Формула 1 на „Нирбургринг“!

Германецот Мик Шумахер, кој на две трки до крајот на сезоната е лидер во генералниот пласман во Формула 2 шампионатот, ќе дебитира во Формула 1 на следната трка, на патеката „Нирбургринг“, и тоа на петочниот прв слободен тренинг. Младиот Шумахер, кој е член на академијата на Ферари, ќе вози во болидот на Алфа Ромео.

Мик, кој има 21 година, ќе го направи првиот чекор кон влез во најпрестижниот тркачки спорт во кој неговиот татко Михаел освои засега рекордни седум шампионски титули.

„Пресреќен сум пред првите мои тренинзи во Формула 1. Фактот што моето прво учество ќе биде на домашен терен во ’Нирбургринг’, го прави овој момент уште попосебен. Им благодарам на Алфа Ромео и на академијата на Ферари што ми дадоа шанса да го почувствувам вкусот на Формула 1. Во овие десет дена ќе се подготвам максимално за да направам што подобар резултат за тимот“, изјави Мик Шумахер.

Шумахер на патеката ’Нирбургринг’ во Германија ќе го вози болидот на Антонио Џовинаци.

- Оглас -

Најнови вести