Официјално: Миленикот на Анчелоти потпиша за Евертон

Евертон го комплетираше трансферот на Алан Маркес од Наполи за сума од 25 милиони фунти, од кои три милиони фунти ќе се исплатат во одредени бонуси. Бразилскиот играч за врска потпиша тригодишен договор кој важи до јуни 2023 година.

Алан одигра 61 меч под палката на Карло Анчелоти додека го водеше Наполи, а сега неговиот миленик ќе го тренира и на „Гудисон парк“.

Евертон во меѓувреме треба да го заврши ангажманот на Хамес Родригес од Реал Мадрид, а активно се работи на трансферот на Абдулај Дукуре од Ватфорд.

- Оглас -

Најнови вести