Официјално: Миленикот на Гробарите, Кевин Пантер, си замина од Партизан!

Американскиот бек Кевин Пантер ќе го напушти Партизан, а белградските Црно-бели го официјализираа неговото заминување. Пантер кариерата би требало да ја продолжи во Барселона, а интерес за него имаше и од Макаби.

„По три незаборавни сезони, Кевин Пантер летово ќе го напушти Партизан. Неодамнешниот капитен и клубот постигнаа договор врз основа на кој ќе се разделат. Еден од најомилените играчи на Партизан во последните три години засекогаш ќе остане дел од црно-белото семејство! „Кеп“, каде и да си во остатокот од кариерата, домот секогаш ќе ти биде во црно-белиот Белград“, стои во соопштението на Партизан.

- Оглас -

Најнови вести