Официјално: Мората потпиша за Јувентус!

Шпанскиот напаѓач Алваро Мората вечерва и официјално стави потпис на договорот со Јувентус. Ова е враќање на Мората во Јуве, со кого во 2015 година стигна до финалето на Лигата на шампионите.

Мората ќе биде позајмен од Атлетико Мадрид, а следното лето Старата дама ќе може да му го откупи договорот. Во првиот период во дресот на Јуве, Мората даде 27 гола за две сезони и ги освои срцата на фановите.

- Оглас -

Најнови вести