Официјално: Најкорисниот играч во Евролигата остана во Анадолу

Василије Мициќ и во следните три години ќе ги брани боите на Анадолу Ефес, потврди европскиот првак. Соработката денеска официјално беше продолжена, па така најкорисниот играч во Евролигата за минатата сезона останува во Европа.

Имаше најави дека Мициќ ова лето ќе проба да обезбеди ангажман во НБА-лигата, но платата од 2,5 милиони евра по сезона беше голема причина за српскиот репрезентативец да донесе ваква одлука.

Мициќ во сезоната која е зад нас бележеше просек од 16,7 поени и 4,9 асистенции во 40 меча во Евролигата, а моментално е со селекцијата на Србија која ја предводи во олимписките квалификации.

- Оглас -

Најнови вести