Официјално: Облак го продолжи договорот со Атлетико до 2023 година

Јан Облак ќе го брани голот на Атлетико Мадрид најмалку до 30 јуни 2023 година. Ова е официјализирано со денешниот потпис на можеби најдобриот голман на светот со клубот чиј член е од 2014 година.

Новата клаузула не е многу зголемена и сега изнесува 120 милиони евра, сума која најбогатите сигурно би ја платиле за да го донесат во своите редови, но желбата на Облак е да остане кај „јорганџиите“.

Словенецот Облак, кој има 26 години, за Атлетико има 203 меча, од кои дури во 115 не прими гол и најверојатно четврта сезона по ред ќе биде голман со најмалку примени голови во шпанската лига.

- Оглас -

Најнови вести