Официјално: Покетино на клупата на ПСЖ

Маурисио Покетино и официјално е нов тренер на ПСЖ, потврди францускиот првак. Аргентинскиот стратег потпиша договор до јуни 2022 година со опција истиот да се продолжи на уште една година.

По повеќе од една година пауза откако си замина од Тотенхем, Покетино ја искористи приликата да се врати на фудбалската сцена, па сега ќе има задача да го води францускиот шампион каде што две сезони помина во својата играчка кариера.

„Ѝ благодарам на управата што ми даде доверба во овој проект, пресреќен сум што добив можност да водам голем клуб како што е ПСЖ. Со нетрпение чекав да почнам со работа во овој амбициозен клуб каде што создадов убави сеќавања како фудбалер“, истакна Покетино.

Инаку, Аргентинецот на клупата на Светците го замени Томас Тухел, кој доби отказ пред десетина дена.

- Оглас -

Најнови вести