Официјално: Поранешниот тренер на Елмас ќе ја предводи Италија против Македонија

Лучано Спалети, поранешниот тренер на Наполи за кого настапува македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, и официјално е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Италија

Спалети доаѓа на местото на Роберто Манчини кој си поднесе оставка и најверојатно ќе седне на клупата на репрезентацијата на Саудиска Арабија.

Челниците на Фудалската федерација на Италија, експресно реагираа, главни фаворити за наследик на Манчини беа Спалети и Антонио Конте и на крајот се одлучија за поранешниот тренер на Наполи.

Дебито на клупата на Италија, Спалети ќе го има на деветти септември на дуелот со Македонија во рамки на квалификациите за ЕП 2024.

- Оглас -

Најнови вести