Официјално: Рафаел Бенитес е нов тренер на Евертон

Премиерлигашот Евертон објави официјално дека нивен нов менаџер е Шпанецот Рафаел Бенитес, кој е поранешен менаџер на градскиот ривал Ливерпул, кој го водеше од 2004 до 2010 година. Рафа потпиша тригодишен договор со Карамелите, а работата со новиот клуб ќе ја почне на 5 јули, за кога го закажа првиот собир од подготовките за претстојната сезона.

Бенитес на клупата на Евертон го наследи Карло Анчелоти, кој замина во Реал Мадрид. Бенитес е стручњак кој има титули во Лигата на шампионите, во Лигата на Европа, во шпанското првенство, во Купот на Италија, во англискиот ФА куп.

Навивачите на Евертон не се задоволни од изборот, можни се протести.

- Оглас -

Најнови вести