Официјално: Реал Мадрид со Бензема против ПСЖ

Шпанскиот гигант Реал Мадрид ќе биде со својот најдобар стрелец, Карим Бензема, за дуелот против Пари Сен Жермен, во осминафиналето од Лигата на шампиони. Првиот меч од нокаут фазата се игра в вторник, а Реал Мадрид го објави списокот на фудбалери кои ќе патуваат во Париз. Меѓу нив e и името на Бензема.

Францускиот репрезентативец веќе три недели е надвор од теренот поради повреда на мускулот на ногата. Бензема денеска тренирал нормално, но тренерот Карло Анчелоти најави дека не сака да ризикува, па голгетерот не играше против Вилјареал.

- Оглас -

Најнови вести