Официјално: Реал Мадрид го купи Салах!

Салах Межри е нов член на Реал Мадрид. Тунискиот кошаркар кој игра на центарската позиција, денеска потпиша договор со клубот чиј дрес го носеше од 2013 до 2015 година. Додека играше за Реал, Межри освои и една титула во Евролигата, а и сега главен цел на тимот е да се искачи на тронот на Европа.

Искусниот Салах има 33 години, зад себе има и тригодишно НБА искуство, а во Реал дојде од кинескиот тим Лиаонинг флајинг леопардс. Тој летово на СП во Кина, имаше просек од 16,2 поени и 10,2 скока по натпревар во дресот на туниската репрезентација.

Реал летово остана без Густаво Ајон, си замина и Огњен Кузмиќ, па беа заинтересирани за Луис Скола, но на крај решија го вратат Межри како поткрепа за Валтер Таварес како единствен класичен центар кој го имаа.

- Оглас -

Најнови вести