Официјално: Сер Луис Хамилтон останува во Мерцедес и годинава!

Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, останува во болидот на Мерцедес и во 2021 година откако денеска и официјално стави потпис на новата едногодишна соработка со германскиот тим. Преговорите на Сер Хамилтон траеја долго, имаше шпекулации дека ќе биде заменет со Џорџ Расел, но денеска е ставен крај на тие гласини.

„Се радувам за мојата деветта сезона со Мерцедес. Нашиот тим заедно постигна неверојатни успеси и ќе гледаме да продолжиме така“, рече Хамилтон, кој потпиша на една година.

Ако и годинава биде првак, ќе го надмине легендарниот Михаел Шумахер со кого сега го делат рекордот. Откако е во Мерцедес, Хамилтон има шест титули во осум сезони.

Во неговата кариера во Ф1, 36-годишниот Британец има 95 победи, 165 подиуми, 98 пол-позиции, 53 најбрзи кругови и 3.778 поени на 266 трки. Сите овие бројки се рекорди во историјата на Формула 1. И во оваа сезона тимски партнер ќе му биде Валтери Ботас.

- Оглас -

Најнови вести