Официјално: Трајковски сезонава ќе игра за Алборг

Постигнат е договор помеѓу Мајорка и Алборг за позајмица на македонскиот офанзивец Александар Трајковски. Данскиот клуб се пофали дека сезонава нивниот дрес ќе го носи Алекс кој во Алборг ќе го носи дресот со бројот 7.

„Трајковски го сакавме и порано, но задоволни сме што и сега имаме договор. Тој е добар дриблер, има прегледност на играта и силен шут со десната нога, па честопати знае да изненади“ – рече спортскиот директор на Алборг, Инге Андре Олсен.

Трајковски на Алборг ќе му се приклучи по настапите за Македонија во квалификациите за СП 2022. Алборг е клуб кој во моментов се наоѓа на петто место во данската Суперлига, со 12 бода од седум кола и гол-разлика 8-5.

- Оглас -

Најнови вести