Официјално: Валтери Ботас во 2022 ќе вози за Алфа Ромео

Валтери Ботас од 2022 година почнува ново поглавје во својата кариера како пилот во Формула 1. Денеска и официјално е објавено дека Финецот го напушта Мерцедес и оди во Алфа Ромео, каде што ќе го замени својот сонародник Кими Раиконен, кој заминува во пензија.

Ботас, кој во кариерата има 9 гран-при победи и 17 освоени пол-позиции, петта година е во Мерцедес, но не како главен пилот, туку како поддршка на првата ѕвезда на тимот, Луис Хамилтон. Се очекува испразнетото место во Мерцедес да го пополни Британецот Џорџ Расел од Вилијамс.

 

- Оглас -

Најнови вести