Официјално: Влатко Андоновски веќе не е селектор на Американките

Македонскиот стручњак со американски пасош, Влатко Андоновски, веќе не е селектор на женската фудбалска репрезентација на САД.

Андоновски и раководството на Фудбалската федерација се согласиле дека е најдобро да се разделат. Американките испаднаа во осминафиналето, што е нивен најголем неуспех во историјата на настапите на женските Мундијали.

„Ми беше најголема чест што четири години бев тренер на талентираниот тим на САД полн со фудбалерки кои работат напорно. Оптимист сум за иднината на тимот, особено што има многу добри млади играчи кои ќе бидат лидери. Разочарани сме од резултатот на СП, но горд сум на напредокот на овој тим и поддршката која си ја даваа. Секогаш ќе бидам благодарен што добив шанса да го водам овој неверојатен тим“, рече Андоновски, кому договорот му истекуваше за четири месеца.

- Оглас -

Најнови вести