ОФК Београд е без струја и пред згаснување, навивачите на кратко запалија „светло“ (Видео)

Четирикратниот освојувач на Купот на некогашна Југославија, ОФК Београд, се наоѓа пред гасење и испаѓање од третиот ранг на натпреварување во Србија, но барем навивачите не се предаваат.

Стадионот „Карабурма“ е во фаза на распаѓање, трибините се за никаде, поради неплатени сметки, исклучени се струјата и водата, тимот се мачи и блиску е до преселба во белградска зона (четврта лига). Управата се бори, а и навивачите дадоа поддршка. Фановите се собраа и на кратко ги запалија светлата со палење факли и порака: „Нема предавање, ќе се врати Белград“.

Еве како изгледаше сето тоа.

- Оглас -

Најнови вести