Офсајдот го спречи првенецот на Несторовски во Удинезе

Илија Несторовски беше блиску до постигнување на својот прв гол во Серија А како играч на Удинезе, но погодокот со шут со глава кој го даде Македонецот во првото полувреме против СПАЛ, беше поништен поради забранета офсајд позиција. Ова како да го разочара Нестор, па доби жолт картон, а беше сменет во средината на второто полувреме, но резултатот остана 0-0.

За Удинезе, ова е само второ реми во 12-те досегашни кола.

Немаше голови ниту на дуелот на Сампдорија со Аталанта, но затоа во Рим, Лацио го порази Лече со 4-2. Со својата трета победа по ред, Лацио баем привремено се искачи на третото место, и има седум бода помалку од лидерот Интер.

- Оглас -

Најнови вести