Огномет не ги остави да спијат на раат, денеска пропуштија шанса по 31 година да го освојат Купот

Фудбалерите на Гетеборг успеаја да го победат фаворитот Малме со 2:1 по продолженијата во финалето на Шведскиот куп и да го освојат осмиот пехар во клупската историја во меч што имаше чудна предигра.

Вчеравечер во близина на хотелот каде што престојуваа играчите на Малме имало огномет што траел долго, а не се знае дали го организирале домашните навивачи на големиот ривал Гетеборг.

Финалето се играше на „Улеви стадионот“ во Гетеборг, а гостите од Малме тргнаа лошо со две повреди во стартните 20-тина минути. Риекс и Левицки се повредија, но, сепак, Малме прв погоди за предност од 1:0.

Ола Тоивонен беше прецизен во 40-тата минута и Малме сè до 86-тата минута беше на прагот на првиот пехар во Шведскиот куп по пауза од 31 година.

Тие се рекордери со 14 куп-трофеи, но денеска не успеаја да стигнат до 15-ката. Примија гол во 86-тата минута, што го постигна Карлсон за Гетеборг, а потоа во првото продолжение уште еден им даде Фарнеруд за победа на аутсајдерот од 2:1.

Малме останува најуспешниот шведски клуб со 14 куп-пехари, но последниот им е освоен точно пред 31 година. Гетеборг сега се израмни со АИК Стокхолм на второто место на вечната листа и двете екипи имаат по 8 трофеи.

- Оглас -

Најнови вести