Огромен хендикеп за Ракетите во пресрет на плејофот

Хјустон рокетс ќе биде значително ослабен на стартот од плејофот во НБА-лигата откако потврди повреда кај Расел Вестбрук. Втората ѕвезда на Ракетите има проблеми со квадрицепсот на десната нога и засега не е познато колку ќе трае неговата пауза.

Ова е голем проблем за Мајк Д’Антони во пресрет на разигрувањата кои почнуваат од 17 август. Вестбрук дефинитивно го пропушта последниот меч од регуларниот дел против Филаделфија, нормално и средбата против Индијана која се игра моментално.

Состојбата на Вестбрук ќе се проценува на следните прегледи идната недела, па дури потоа ќе се знае дали ќе биде на теренот во првата рунда.

- Оглас -

Најнови вести