Огромен лав шеташе над стадион во Аргентина (Видео)

Аргентинскиот фудбалски клуб Естудијантес Ла Плата, од 2004 година не играше на својот матичен стадион, бидејќи безбедноста не беше на потребното ниво, и сега кога конечно после 15 години играње на теренот на ривалот Гимназија Ла Плата и на Килмес во Буенос Аирес, се вратија во својот дом, сакаа тоа да го прослават на спектакуларен начин. И успеаја во тоа.

Клубот одбиваше да игра на најголемиот и најмодерен стадион во Ла Плата, и решија да го реновираат својот. Управата фановите ги почести со несекојдневно изненадување – огромен холограмски лав (лавот е симбол на клубот) кој „прошета“ над трибините.

- Оглас -

Најнови вести