Огромен пропуст на младинското ЕП, прекршени правилата, ФИФА и УЕФА засега молчат

Романските медиуми објавија дека на Европското првенство за фудбалери до 21 година се случило прекршување на правилата, и тоа на натпреварот од првото коло помеѓу Хрватска и Украина, од истата група во која е и Романија.

Украинците во средата ја победија Хрватска со 2-0, а во составот беа Анатолиј Трубин и Георгиј Судаков, кои неполни два дена порано (во понеделникот вечерта) играа за сениорската репрезентација против Малта во квалификациите за ЕП 2024.

Според правилата на ФИФА, фудбалер може да игра и за младата и за А селекцијата само под услов помеѓу тие два меча да поминале полни два дена, а од крајот на средбата Украина – Малта до почетокот на Украина – Хрватска не поминаа 48 часа. Поради истата причина (во понеделникот играше за првиот тим на Романија), Владимир Скречу не играше за У-21 на Романија против Шпанија и Романците добиле потврда од ФИФА дека тој не смеел да игра. А, за украинскиот случај уште се молчи.

- Оглас -

Најнови вести