Огромен шок, актуелниот вицешампион остана без место на СП, главен виновник е овој човек!

Кошаркарската Аргентина, а и светот се во шок. Гаучосите, коишто играа финале на СП 2019 година, нема да бидат учесници на Мундобаскетот кој ќе се одржи летово.

Аргентинците синоќа имаа предност од 17 поени разлика во третата четвртина против Доминиканска Република, а на крајот загубија so 75-79. Шокот е поголем ако се знае дека во составот беа и евролигашки ѕвезди како Кампацо од Црвена ѕвезда, Дек од Реал Мадрид и Лапровитола од Барселона.

Аргентина за првпат по 1982 година нема да игра на кошаркарско првенство, таа е првиот вицепрвак кој не обезбедил место на следното СП, а веројатно најголем виновник за тоа е тренерот Нестор Гарсија, кој е вмешан во двата клучни порази.

Гарсија беше селектор на Аргентина кога киксираа против Венецуела. Тогаш Гарсија доби отказ, а потоа стана селектор на Доминиканците, со кои синоќа ја победи својата Аргентина и се одмазди за отказот.

- Оглас -

Најнови вести