Огромна чест: Ивана Пројковска синоќа судеше на „Вембли“ пред 63.428 гледачи!

Најдобрата македонска фудбалска судијка, Ивана Пројковска, синоќа делеше правда на славниот „Вембли“ во Лондон, на дерби дуелот Англија – Шведска од Лига А од квалификациите за Европско првенство.

Средбата заврши 1-1. Погодокот за Англија го даде фудбалерката на Арсенал, Русо, додека за Швеѓанките погоди Ролфо од Барселона. На трибините имаше дури 63.428 гледачи, па и тоа беше пријатно искуство за Пројковска.

Со ова е испишана историја во македонскиот фудбал, бидејќи за првпат еден Македонец или Македонка судеше меч на култниот стадион во Лондон. Помошнички на Пројковска беа Вјолца Изеири од Македонија и Аиноа Фернандес Руиз од Андора. Четврти судија беше Марјан Дејаноски.

Пројковска не покажа ниту еден картон, што значи дека фудбалерките се однесувале спортски и не правеле грубости.

- Оглас -

Најнови вести