Драма во Шкотска, Хартс се лизна, Селтик ја има судбината во свои раце

Хартс освои само еден бод на гостувањето кај Мадервел, средбата финишираше 1-1 и после овој кикс, се компликуваат работите за Срцата околу освојување на шампионската титула во Шкотска.

Сега Хартс има четири бода повеќе од Селтик, но Селтик ако ги добие сите три меча до крајот (дома со Ренџерс и Хартс, и на гости со Мадервел), ќе биде првак. Хартс е миленик на неутралните фанови кои посакуваат конечно после 42 години некој друг освен Селтик или Ренџерс да биде првак на Шкотска, но останува да се види дали ќе го издржи притисокот.

- Оглас -

Најнови вести