Арсенал остана без европска круна откако во драматичното финале на Лигата на шампионите беше поразен од ПСЖ по изведувањето пенали со 4-3. По регуларните 90 минути, како и по продолженијата, резултатот беше израмнет 1-1.
Во пенал-рулетот кобни за Tопчиите беа промашувањата на Езе и Габриел, па трофејот заврши во рацете на парижаните.
По натпреварот, менаџерот на Арсенал, Микел Артета, откри дека токму Габриел бил предвиден да го изведе решавачкиот, петти пенал.
„Габриел сакаше да го изведе последниот пенал. Трениравме токму за тој момент. Сѐ беше испланирано и подготвено, а Габриел требаше да го изведе петтиот пенал. Никогаш не промашува пенали на тренинзите“, изјави Артета.
Но, фудбалот знае да биде суров. Играчот кој бил најсигурен на тренинзите потклекна кога беше најпотребно, а Арсенал остана на чекор од долго посакуваниот европски трофеј.

