Охрид и Олимпијакос се договорија да нема гостински навивачи

ГРК Охрид и Олимпијакос во соработка и со Европската федерација ЕХФ, договорија да се забрани присуство на гостински фанови на двата меча од ЕХФ купот за да се избегнат несакани сцени на кои бевме сведоци лани, кога играа македонски и грчки тим и тоа во финалето.

„Почитувани симпатизери, навивачи на ГРК ОХРИД и љубители на ракометната игра!

Имајќи ги предвид немилите настани кои се случија за време на одигрувањето на финалниот натпревар во ЕХФ Купот во натпреварувачката сезона 2024/2025, кој требаше да се одигра во Скопје помеѓу екипите на РК Алкалоид од Република Македонија и РК АЕК од Република Грција, а кој поради веќе познати причини не беше одигран, Ве информираме дека по барање на Европската ракометна федерација, ГРК Охрид и РК Олимпијакос по меѓусебната комуникација овие минати денови, а со цел да биде избегната ситуација слична или иста на онаа од минатата година, заеднички одлучија дека двете екипи нема да вршат продажба на билети на гостински навивачи и симпатизери на натпреварите на кои ќе се јават како организатори од четврт-финалната фаза на ЕХФ Европскиот куп.

ГРК Охрид ќе биде домаќин на вториот четвртфинален натпревар, кој ќе го одигра против екипата на РК Олимпијакос на ден 04.04.2026 година во 18.00 часот во СРЦ Билјанини Извори Охрид.

Сите во сала, сите за историја, сите за Охрид!“, соопштија охриѓани.

Инаку првиот меч во Атина ќе се игра на 29 март.

- Оглас -

Најнови вести