Охрид е подготвен, во Унгарија ја започува финалната мисија да го преземе европскиот трофеј од Алкалоид

Екипата на Охрид игра историска сезона која на крајот може да ја зачини со европска титула. Охриѓани вечерва на гостински терен ќе играат против Татабања од Унгарија, во првиот меч од финалето во ЕХФ европскиот куп.

Интересно е дека актуелен освојувач на трофејот во ова натпреварување е екипата на Алкалоид, па ќе имаме шанса две македонски екипи во две сезони по ред да бидат на тронот во третото по ранг натпреварување на ЕХФ.

„Нѐ очекува тежок натпревар. Влогот е голем, се работи за титула во Европа. Според мене, играме против една одлична екипа и мислам дека во финалето нема фаворит и трофејот ќе го крене тој што ќе има поголема желба. Ќе се обидеме да одиграме што е можно подобро и со добар резултат да се вратиме пред реваншот во Охрид“, рече еден од оние кои треба да бидат лидери во екипата, Дарко Ѓукиќ.

Татабања е на третото место во првенството на Унгарија зад гигантите ПИГ Сегед и Веспрем. За Татабања се знае дека игра брз и квалитетен ракомет без многу калкулации, а ако се знае дека и Охрид најчесто е со отворен гард, може да се очекуваат и многу погодоци на оваа прва финална пресметка.

- Оглас -

Најнови вести